Се работи за летало тешко 23 килограми, со распон на крилата од три метри. На неговото тело е вклопена полуавтоматска сачмарка произведена од познатата руска фабрика за стрелечко оружје „Молот“, пишува Mars.online.
Руси демонстрирали полуаутоматску сачмарица „Вепар“ које је интегрисана на склопиву беспилотну летелицу. Са њом може да се дејствује из стандардног стојећег става, али је далеко ефикаснија када лети. pic.twitter.com/9EAGmseOvT
— Marsonline (@gvozdenavolja) May 28, 2020
Во прашање е полуавтоматската карабинска сачмарка со калибар 12 мм „Вепар 12 Молот“ која е развиена на база на конструкцијата на познатата автоматска пушка „Калашников“. Пушката се полни со рамка која собира 10 патрони. Во овој случај, повлекувањето на чкрапалото се врши по електричен пат.
Според зборовите на конструкторите кои го развија ова летало, беспилотниот пресретнувач во себе ги обединува позитивните карактеристики на авионите и хеликоптерите. Тој му овозможува на операторот да добие податоци во реално време преку тв-камерите кои се наоѓаат на леталото. Неговата автономија изнесува и до 40 минути ефективен лет.
Дронот полетува практично вертикално. Полуавтоматската сачмарка „Вепар“, која користи муниција со сачма во комбинација со многу маневарбилна платформа, е многу поефикасно решение отколку да се примени класично стрелечко оружје кое дејствува со стандардна муниција.
Беспилотните летала се многу чувствителни на надворешни удари и оштетувања, така што понекогаш е доволно испуканата сачма едвај да го допре леталото, а тоа да изгуби контрола и незапирливо да почне да паѓа. Авторот понатаму наведува дека овој руски дрон-пресретнувач може да се употребува и во други задачи кои не се во директна врска со неговата основна намена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче