Најдобрите руски воени возила за кои веројатно никогаш не сте чуле (ФОТОГРАФИИ)

Оклопниот автомобил „Тигар“ за време на тактичко-специјалните вежби на единиците на Јужниот воен округ на полигонот Мољкино.

Оклопниот автомобил „Тигар“ за време на тактичко-специјалните вежби на единиците на Јужниот воен округ на полигонот Мољкино.

Виталиј Тимкив/TASS
Овие машини можат да издржат температурни разлики од 90 степени и да пловат полни со луѓе вооружени до заби.

Тигар

Оклопниот автомобил „Тигар“ со борбен модул „Арбалет“ на изложбата на современи и на перспективни примероци на оружје, воена и специјална опрема во рамките на Меѓународниот военотехнички форум „Армија-2017“.

Ова возило е направено за патролирање и за извидување, како и за покривање на пешадијата со отворање оган. Може да прими 10 војници со полна воена опрема и да превезува товар онаму кадешто не минуваат обичните автомобили.

Возилото е направено специјално за воени потреби, но постојат и неколку примероци кои се прилагодени на цивилните потреби, односно немаат оружје (за богатите луѓе кои сакаат во гаражата да имаат возило во стилот „military“).

Постојат дваесеттина варијанти на возилото „Тигар“. Тие можат да „препливаат“ вода подлабока од еден метар, развиваат брзина од 140 километри на час и имаат оклоп тежок 700 килограми. Постојат дури и варијанти на „Тигар“ кои можат да издржат експлозија од мина.

Во овој момент возилото се модифицира во неколку различни варијанти. Целта е да се направи сосема нова каросерија на постојната шасија која добро се покажа во руската воена кампања во Сирија.

Камион со камуфлажа

Руската армија има и возило „Витјаз-2“, а тоа е камион со скриен оклопен модул под церадата. Неговиот надворешен изглед залажува.

Однадвор „Витјаз-2“ изгледа како стандарден „Урал-4320“, но во себе содржи скриен оклопен модул кој може да прими 16 војници. Овој заштитен оддел може да издржи директен погодок од најчестите куршуми на автоматските пушки со калибар од 5,45х39 милиметри и 7,62х39 милиметри, и тоа од голема близина.

Кабината на возачот е подобро заштитена. Таа го штити возачот од оган од снајперска пушка со калибар од 7,62х54 милиметри.

И двата модули (и оној на возачот и оној за војниците) има прорези низ кои војниците можат да отвораат оган на непријателот.

„Витјаз-2“ може да издржи детонација на мина или на експлозивна направа од рачна изработка еднаква на експлозија на 2 килограми ТНТ.

Новото возило е претставник на новата линија производи на фабриката „Урал“ создадена за Министерството за внатрешни работи на Русија. Оклопниот транспортер „Витјаз-2“ има мотор со сила од 285 коњски сили и менувач со 9 брзини. Развива брзина од 90 километри на час. Со еден резервоар може да мине 1.000 километри.

Тајфун

Ова транспортно возило е направено за превоз на војници на секој терен и во сите можни временски услови од -50 до +40 степени Целзиусови. Покрај превозот на луѓе (може да прими 10 војници), „Тајфун“ може да се користи и за транспорт на самоодна зенитна артилерија, за беспилотни летала, дигалки, шлепери и друга опрема.

Сите возила од класата „Тајфун“ се базираат на шасијата на Камаз со погон на сите тркала, така што овој аждер од 15 тони може да гази и по снег, и по песочни дини, а совладува и водени препреки.

„Тајфун“ го има еден од најсовремените оклопи на пазарот кој може да издржи панцирни проектили со калибар од 14,5 милиметри. Оклопот има тесни прорези низ кои војниците однатре отвораат оган на непријателот, а исто така на покривот можат да имаат митралези на далечинско управување. Благодарение на сето тоа „Тајфун“ може да служи како мобилно упориште и заштита на единиците за време на марш.

Инженерите однатре на сите страни имаат поставено камери, така што војниците гледаат сè што се случува околу нив без да излезат од возилото.

„Тајфун“ е направен во двооосна, троосна и четвороосна верзија за десантни единици, а исто така за пешадијата.

Водник

Зборот „Водник“ (или ГАЗ-3937) на руски значи „оној што може да плови“ и да совладува водени препреки благодарение на специјално дизајнираниот корпус.

Ова е посебна модификација на лесниот оклопен транспортер БТР-80 кој е добропознат во руската армија по својата функционалност. „Водник“ е повеќенаменска машина, хибрид на теренско и маневарско возило.

Возилото може да помине 1.000 километри со еден резервоар и се користи во армијата за превоз на луѓе, на монтажни конструкции, приколка со товар и со опрема.

Оклопно возило „Вистрел“

И ова возило е направено врз база на Камаз, но главно за повисоките офицери, како и за медицинскиот екипаж кој работи на фронтот.

„Вистрел“ има оклоп од истата класа како и „Тајфун“. Може да издржи панцирни проектили со калибар од 14,5 милиметри, а исто така експлозија на мина во зоната на борбени дејствија.

И покрај сите овие особености армијата нема многу возила од овој вид. Во денешно време Министерството за одбрана поседува околу 100 возила од класата „Вистрел“.

„Вистрел“ може да совладува препреки, како и тенкот Т-80. Тестиран е во планинско подрачје и на плато високо 4.500 метри каде одлично функционира на температура од -45 до +50 степени Целзиусови. Може да издржи висока влажност до 98%, и брзина на ветрот од 30 метри во секунда.

Треба да се истакне дека во руската воена индустрија од крајот на Втората светска војна на прво место била сигурноста. Војната донесе нови стандарди за производителите на оружје и техника зашто воената опрема од новото време мора да функционира и во најтешки услови. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња