Рускиот оклопен автомобил „Тајфун-ВДВ“ успешно ги помина државните тестирања на Елбрус

Public Domain / Nickel nitride / CC0
Оклопниот автомобил за специјална намена „Тајфун-ВДВˮ успешно ги помина државните тестирања. Моделот К-4386 беше тестиран и во текот на теренските експедиции со Министерството за одбрана на Русија на Елбрус.

„Реакциите на оние кои ги возеа пробните модели се позитивни, пробните возачи се задоволни“, изјави за Mil.Press претставникот на дирекцијата на компанијата „Ремдизел“ Александар Матвеев.

Тој исто така истакна дека со цел откривање на „детските болести“ оклопниот автомобил „Тајфун-ВДВ“ учествувал во две експедиции на највисоката планина во Европа – Елбрус.

„Не можам да кажам ништо за техничките недостатоци кои се откриени таму, но главниот конструктор беше задоволен од последната експедиција“, истакна Александар Матвеев.

Оклопниот автомобил „Тајфун-ВДВ“ К4386 е конструиран според шемата „носечки оклопен блок“ и има комбинирана заштита од керамички оклоп. Покрај екипажот, возилото може да превезува уште осум припадници на десантните сили. Оклопниот блок може да издржи експлозија од 4 до 6 килограми ТНТ.

За одбрана на оклопните автомобили е поставен борбен модул на далечинско управување со автоматски топ со калибар 30 милиметри и митралез ПКТМ со калибар 7,62 милиметри.

Како погонски елемент се користи дизел-моторот на „КамАЗˮ од 350 коњски сили. Благодарение на него, оклопното возило тешко 13 тони може на асфалтиран пат да достигне брзина до 100 километри на час, да совладува нагорнини со наклон до 30 степени и водени пречки со длабочина до 1,9 метри. Капацитетот на резервоарот обезбедува возилото да помине на пат до 1200 километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња