Руските падобранци ги добиваат најновите оклопни возила „Тајфун-ВДВ“

„Борбени ефективи“
Во падобранските единици пристигнува возило на кое му нема рамен во светот.

Најновите оклопни возила „Тајфун-ВДВ“ пристигнуваат во Воздушно-десантните сили, соопшти за агенцијата РИА „Новости“ извор во военоиндустрискиот сектор.

„Планирано е во најскоро време падобранските единици да ја добијат првата партија вакви возила од сериско производство“, додаде тој.

Втората партија, според споменатиот извор, ќе му биде испорачана на нарачателот во 2022 година. Досега Воздушно-десантните сили немаа возила од оваа класа.

Воведувањето на оваа воена техника во арсеналот подразбира дека падобранските единици веќе имаат сé што им е потребно, т.е. масла, гориво, муниција и слично, и дека во воените школи веќе се подготвуваат соодветни стручњаци.

К-4386 „Тајфун-ВДВ“ го произведува „Ремдизел“. Ова оклопно возило има мотор со 350 КС и автоматски менувач. Развива брзина од 100 км/ч и со еден резервоар поминува 1200 километри.

Оклопот може да издржи детонација еднаква на силата на експлозија од шест килограми ТНТ под тркало или четири килограми под подот. Возилото може да се десантира од воздух.

„Тајфун“ има модул на далечинско управување со топ со калибар 30 мм, кој според карактеристиките е единствен во својата класа. Топот погодува цели од далечина што претходно беше недостижна за овој вид оружје.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња