Во Московската област ќе се гради првата фабрика „Тесла“ на Илон Маск

Tesla Motors 2020 Roadster Хортон, САД, 2017.

Tesla Motors 2020 Roadster Хортон, САД, 2017.

ZUMA Press/Global Look Press
Кремљ одлучи да ја изгради првата во Русија фабрика за автомобили на електричен погон Tesla на Илон Маск. Компанијата ќе биде сместена во градот Корољов.

Како што соопштува изданието „Аргументи на неделата“, претходно раководителот на Московската област Андреј Воробјов излезе со предлог за изградба на фабрика Tesla. Информацијата ја потврдија Министерството за индустрија и трговија на Русија и Трговско-индустриската комора.

Се истакнува дека првата фабрика „Тесла“, изградена надвор од САД, започна со работа во Шангај во јануари минатата година. Уште една фабрика работи во Холандија - таму се склопуваат моделите Model S. Компанијата на Илон Маск, исто така, гради фабрика недалеку од германската престолнина, во градот Гронхајде. Минатата година „Тесла“ продаде 499000 електрични автомобили, а во првиот квартал од оваа година продаде 185000 автомобили. Доколку фабриката во Германија започне со работа наскоро, компанијата планира до декември оваа година да продаде 1 милион автомобили на електричен погон.

Треба да се истакне дека во последните пет години, производството и продажбата на автомобили „Тесла“ се зголемија за 650%, а перспективите и побарувачката на електрични автомобили и понатаму се високи. На пример, во Европската Унија се планира до 2036 година целосно да се премине на електрични автомобили. Притоа нивната висока цена - во просек 62300 долари, не ги плаши потрошувачите.

Сето тоа го наведе Илон Маск и другите акционери на компанијата да размислуваат за проширување на производството. Во мај оваа година, преку видеолинк на форумот „Ново знаење“ Маск рече дека веројатноста „Тесла“ да се појави на рускиот пазар е многу голема. Како одговор на тоа раководителите на Подмосковјето и Калушката област, како и Република Удмуртија, на американскиот претприемач му понудија повластици и земјиште за изградба на фабрика.

Дека просторот за изградба на фабрика „Тесла“ се подготвува во подмосковски Корољов стана јасно по посетата на Америка на внукот и синот на Сергеј Корољов - креаторот на советската космонаутика. За руските гости Илон Маск лично организираше обиколка на компанијата „Тесла“.

„Начелната одлука во врска со фабриката во Корољов беше донесена во Кремlin. Тоа е симболично, имајќи предвид дека основачот на фабриката „Тесла“ е познат по својата љубов кон руската космонаутика и нејзината историја. Тој во повеќе наврати го споменуваше името на Сергеј Павлович Корољов во своите интервјуа и книги. Маск секогаш велеше дека достигнувањата на „Роскосмос“ не би биле толку моќни ако корпорацијата не стоела на плеќите на горостасите, меѓу кои го вбројува и Сергеј Корољов. Една сала на корпорацијата SpaceX го носи неговото име“, беше соопштено во Трговско-индустриската комора на РФ.

Според информации од друг извор во Министерството за индустрија и трговија на РФ, градот Корољов е оптимален за изградба на фабрика „Тесла“, бидејќи во него уште од советско време се концентрирани висококвалификувани експерти кои можат да работат на високотехнолошко производство без дополнително трошење на време и пари за нивна обука. Покрај тоа, градот Корољов е идеално место и по пристапот до важните сообраќајници и близината до големите градови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња