„Францускиот „Рафал“ нема никакви шанси во борба на блиски и големи дистанци со рускиот Су-35“

Су-35

Су-35

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press

Ова е заклучокот на ценетиот јужноафрикански аналитички веб-портал Ultimate Defence во текстот посветен на неодамна завршениот Меѓународен военотехнички саем „Армија 2021“. Како што забележуваат експертите на ова издание, рускиот Су-35 има исклучително квалитетни маневарски способности значајни при водењето блиска воздушна борба. Во такви околности, маневарските способности на францускиот авион „Рафал“ нема да му бидат од голема корист. На долги растојанија, рускиот радар Н035 „Ирбис“ му дава уште поголема предност на рускиот Сз-35, која е недостижна кога станува збор за францускиот соперник.

Маневарските способности на рускиот повеќенаменски борбен авион Су-35, вклучувајќи ги и тактичко-техничките способности на неговата електронска опрема, ги надминуваат можностите на францускиот ловец „Рафал“, што обезбедува Су-35 да постигне воздушна победа во директен судир со авион од овој тип. Ова е заклучокот на јужноафриканскиот аналитички интернет портал Ultimate Defence во текстот посветен на неодамна завршениот Меѓународен военотехнички саем „Армија 2021“.

Како што забележуваат експертите на ова издание, рускиот Су-35 има исклучително квалитетни маневарски способности значајни при водењето блиска воздушна борба. Во такви околности, маневарските способности на францускиот авион „Рафал“ нема да му бидат од голема корист, пренесува веб-порталот ТАСС.

Dassault Rafale

Исто така, рускиот авион има уникатен воздухоплоевн радар НO35 „Ирбис“, за кој јужноафриканските воени експерти сметаат дека е еден од најмоќните во својата класа. Како што се наведува во нивниот текст, ефективниот домет на радарот „Ирбис“ достигнува импресивни 400 километри во далечина, каде целта што има радарски одраз на францускиот „Рафал“ може да се забележи на растојанија до 270 километри. Од друга страна, радарот на францускиот авион може да го открие својот соперник (поточно Су-35) на растојание од само 120 километри.

Во врска со овие податоци, јужноафриканските експерти дојдоа до клучниот факт дека рускиот авион има значајна предност бидејќи открива непријателски авиони на многу поголема оддалеченост, што му дава можност прво да ја нападне зафатената мета. Оваа предност може дополнително да се поткрепи со фактот дека во борбениот арсенал на руското летало има ракети со долг дострел од класата „воздух-воздух“ што можат да ги погодат своите цели дури и на тие екстремни далечини. На тој начин рускиот Су-35 е речиси сигурен победник во воздушен дуел на големи дистанци во однос на францускиот „Рафал“, вклучително и блиска воздушна битка каде што доаѓа до израз неговата маневарска супериорност.

Според јужноафриканските експерти за воздухопловна техника, рускиот Су-35 може да следи до 30 различни воздушни цели и истовремено да нападне осум од нив. Ultimate Defence претставува еден од најпочитуваните военотехнички портали во Јужноафриканската Република кога станува збор за теми од сферата на одбраната и безбедноста.

Су-35С длабоко модернизиран супермневарбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологии од петтата генерација. Небесниот крстосувач го карактеризира  многу квалитетна авионика која за основа користи комплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена сила и управливи вектори на потисок. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловци од петтата генерација, затоа што обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување. Максималната брзина на авионот е 2500 км/час, додека оперативниот долет достигнува 3400 км. Су-35 е вооружен со воздухопловен топ со калибар 30 мм, а на леталото има уште 12 точки за бомби и ракети кои се мерат во тони.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња