Ил-114-300, МАКС-2021, Жуковски, Московска област.
Олга Соколова/Global Look PressСтрански нарачатели искажуваат интерес за најновиот руски набљудувачко-нишански систем „Касатка“. Ова во интервју за ТАСС го соопшти Иван Анцев, извршен директор на Научно-производственото претпријатие „Радар ммс“.
„Системот доби извозен пасош и затоа можностите на „Касатка“ им ги демонстрираме на странските партнери. Веќе постои интерес за овој проект и потенцијалните купувачи го чекаат авионот Ил-114-300, кој ќе може да го носи нашиот систем“, рече тој.
Анцев нагласи дека системот има висок извозен потенцијал во решавањето на задачите на специјалната авијација, патролните и спасувачките авиони.
Со „Касатка“ се управува со помош на мултифункционален информационо-управувачки систем наменет за детектирање објекти под вода и на вода, за обележување цели и спасувачки операции, како и за еколошки мониторинг на водите и крајбрежните зони. На авиокосмичката „МАКС 2021“ Анцев изјави за агенцијата ТАСС дека системот добил алгоритми на вештачка интелигенција. Според него, во „Касатка“ се вградени принципи на отворена архитектура со модуларна конструкција и унификација за различни носачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче