Русите праќаат радар во Земјината орбита:Сателитот „Обзор-Р“ се подготвува за лансирање во вселената

Слободан Ѓукиќ
Сателитот ќе биде опремен со високосензитивниот вселенски радар „Касатка-Р“, кој ќе овозможи без оглед на временските услови да се формира комплетна радарска слика на површината на планетата во Х-дијапазон.

„Во наредниве година дена планираме во орбитата на Земјата да го исфрлиме нашиот прв радарски сателит. Тој ќе ни помогне да ја видиме сликата на површината на планетата без оглед на временските услови. Се работи за радарскиот сателит „Обзор-Р“, им рече Дмитриј Рогозин на руските новинари.

Кон крајот на јануари 2019 година добро информиран извор му пренесе на интернет-порталот „Интерфакс“, дека првиот сателит за далечинско сондирање на Земјата „Обзор-Р“ ќе му биде испорачан на нарачателот најдоцна до април 2020 година.

„Вселенскиот апарат мора да биде подготвен за лансирање до крајот на првиот квартал на 2020 година“, рече овој извор.

„Обзор-Р“ ќе биде опремен со вселенскиот радар „Касатка-Р“ кој ќе овозможи при целосна облачност сателитот да формира комплетна радарска слика од површината на Земјата со грешка од максимум 30 см. Радарот е направен од специјализираниот руски холдинг за развој на вселенски системи „Руски вселенски системи (РКС) (Российские космические системы (РКС).

Информативната служба на оваа компанија минатата година за весникот „Интерфакс“ соопшти дека радарот „Касатка-Р“ ќе биде главниот работен инструмент кај првиот руски сателит-радар за далечинско сондирање на планетата Земја (ДЗЗ) „Обзор-Р“.

Од холдингот „Руски вселенски системи (РКС) нагласија дека употребата на вселенските апарати „Обзор-Р“ со радар „Касатка-Р“ ќе ги прошират можностите за современо извидување од вселената. Способностите на вселенската радарско-набљудувачка станица ќе обезбедат мониторинг на ситуацијата во реално време, без оглед на временските услови. Во секое време ќе биде достапна радарска слика на површината на земјата во Х-дијапазон, што во голема мера ќе помогне во функционирањето на бројните служби и министерства во рамките на руската влада.

Погледнете го видеото: Руска ракета успешно го постави во орбитата европскиот сателит „MetOp-C“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња