Фино прилагодување на најновиот радар - снимки од тајната комора (ВИДЕО)

Скриншот
Новиот руски радар ги открива сите видови летала во радиус од преку 100 километри.

Дописникот на ТВ-каналот „Ѕвезда“ првпат беше во единствената „глуви комора“ на компанијата „Радар-ММС“ која ја слави својата 70-годишнина. Во комората се прилагодува најновиот радар чии карактеристики се чуваат во тајност.

Производителот соопшти дека радарот ги открива сите видови цели во радиус од преку 100 километри, а од сличните модели се разликува по тоа што има подобра заштита од попречување. Не се кажува за кој тип авиони е направен радарот.

„Радар-ММС“ е еден од водечките производители на радиоелектронски системи и прибор за специјални и цивилни цели, прецизни уреди и специјален софтвер.

Се смета дека претпријатието почнало со работа на 17 јануари 1950 година, кога во рамките на фабриката бр. 275 е основано огледно-конструкторското ОКБ-275. Неговата задача беше да ги усовршува и подготвува за сериско производство системите за блиска навигација и за спуштање на авиони без визуелен контакт со пистата, како и да ги монтира и фино подесува радиосистемите (СП-50 и „Курс-МП“) на цивилните и воените аеродроми на СССР и други земјите кои купуваа советски авиони. Колективот на огледно-конструкторското од 1950-тите до 1970-тите години монтираше, направи и воведе во експлоатација преку 155 системи за наведувано „слепо“ атерирање на аеродромите на СССР и други земји.

Денес во ова претпријатие се развиваат и произведуваат радарски системи, системи за авијациско базирање, роботички системи и специјален софтвер.

Нивен производ е најновиот беспилотен извидувачко-спасувачки хеликоптер „Бриз“, кој има оптоелектронски систем, термовизиска камера камера, дозиметар и рефлектор. Претпријатието прави и други беспилотни летала кои решаваат мноштво различни задачи, вклучително и транспорт на товар на непристапен терен и потрага по наоѓалишта на руда.

„Радар-ММС“ и Централното конструкторско биро за пловила со хидрокрила „Р. Е. Алексеев“ заеднички развиваат и прават глисери и бродови со подводни крила од нова генерација. Компанијата го користи авионот „Ил-114“, единствениот примерок на тој модел во Русија и е преуреден во летечка лабораторија.

На авио-изложбата МАКС-2019“, „Радар-ММС“ го претстави набљудувачко-нишанскиот систем „Касатка-Э“ заснован на вештачка интелигенција.

Тој може да се конфигурира за извршување на конкретни задачи и да се монтира на повеќе типови летала за откривање на објекти под вода, на вода и во воздух, мониторинг, извидувачко-спасувачки активности и обезбедување на поморска економска зона.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња