„Сакав да го почувствувам она што го чувствуваат нашите момци“: Шојгу за возењето тенк Т-80

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека приредил трка на тенкови со началникот на Генералштабот.

Шефот на одбранбениот ресор на Русија Сергеј Шојгу се тркал со тенкови со началникот на Генералштабот на Вооружените сили Валериј Герасимов на полигонот на тенковскиот биатлон. Ова тој го изјави во емисијата „Соловјов Live“, пренесува URA.RU.

Се наведува дека министерот возел тенк Т-80 со гасна турбина, а Герасимов тенк Т-72.

„Имаше тука уште две лица. Т-72 во споредба со Т-80 е попростран. Сакав да го почувствувам она што го чувствуваат нашите момци“, рече Шојгу.