ВИДЕО: Бомбардери слетуваат на федералната магистрала во близина на Воронеж

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во текот на вежбите на фронтовската авијација во близина на Воронеж, беше изведена епизода со префрлување на бомбардерите Су-34 на оперативен аеродром, опремен директно на федералниот пат Е-38 Курск-Саратов.

Правата и широка делница од магистралата беше затворена за движење, а странично беа поставени аеронавигациски знаци. Просторот за одмор на шоферите се претвори во паркинг за авиони, бидејќи до него беа распоредени диспечерски пункт и систем за полнење гориво на бомбардерите, пишува „Росијскаја газета“.

Според сценариото на вежбите, основниот аеродром на авиополкот е подложен на масовен ракетен напад, но авионите успеваат да се дигнат во воздух и да долетаат до новото место. Така, еден по друг, тука започнуваат да пристигнуваат транспортни Ан-26 и Ил-76 со дополнителна муниција и копнена аеродромска техника.

Од воздух полскиот аеродром го покриваат хеликоптери Ми-8 и Ми-35. Тие ги штитат транспортните авиони при слетување, користејќи го искуството од современите локални конфликти, истакнува прес -службата на Западниот воен округ. Главната задача на обуката е непрекинато обезбедување на бомбардерите со сé што е неопходно за извршување на задачите.