ВИДЕО: Погледнете демонстрација на можностите на најновиот пламенофрлачки систем ТОС-2

Првпат е покажана на видео примената на новата муниција за тешкиот пламенофрлачки систем ТОС-2.

На снимката од полигонот за тестирање може да се види подготовката на техниката за боеви дејствија и оценување на моќноста на истрелите, пишува „Росијскаја газета“.

„За разлика од својот претходник, ТОС-2 има функции на машина за борба и транспорт и полнење на база на едно тркало, што му додава разновидност и автономија на системот“, истакна генералниот директор на „РТ-Капитал“ Кирил Фјодоров.

Видеото што го дистрибуираше државната корпорација „Ростех“ покажува дека новите гранати на „Тосочка“, како што го нарекуваат ТОС-2 во единиците за радијациска, хемиска и биолошка заштита, имаат зголемена моќност. Експлозијата на термобаричните гранати ноќе потсетува на експлозија на нуклеарно полнење.

Бидејќи ТОС-2 е наменет за борба во блиска тактичка зона, машината е опремена со заштита од високопрецизно оружје. Системот има и современа навигациска и метеоролошка опрема и може да гаѓа од неподготвени огнени позиции.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња