Смрт за американски тенкови:NI го оцени новиот руски повеќецевен лансер на термобарички ракети ТОС-2

Global Look Press
Новата руска „Тосочка“ е современа верзија на познатата „Катјуша“ од Втората светска војна.

„Национален Интерес“ (The National Interest) објави статија под наслов „Ова ново страшно оружје Русија може да го употреби за уништување на американските тенкови“. Станува збор за тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 „Тосочка“, кој сега го тестира руската армија.

„Додека многу земји, а меѓу нив и САД, престанаа да применуваат пламенофрлачи, Москва ги удвои напорите во таа насока. Место пламеник со млазница кој пешадијата го употребуваше во двете светски војни, Русија го направи ТОС-1А „Сонцепјок“, повеќецевен лансер на термобарнички ракети поставен на шасијата на тенкот Т-72“, потсетува авторот Питер Сучиу во наведената статија.

Тој истакнува дека можностите на „Тосочка“ беа демонстрирани на маневрите „Кавказ 2020“ во септември и дека со ненаведувани ракети со термобаричко полнење беа уништени цели кои имитираа оклопни транспортери.

Системот ТОС-2 е базиран на шасија со тркала, преземена од камионот „Урал“ со поголема носивост и можности за движење на нерамен терен. „Поради тоа таа наликува на познатиот повеќецевен ракетен лансер БМ-13 од Втората светска војна, познат под името „Катјуша“, истакнува американскиот аналитичар.

Погледнете го ова видео: Како дејствува „Сонцепјок“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња