Руското небо ќе го брани робот: Русија планира да креира нов ПВО-систем

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Русија планира изработка на робот за противвоздушна одбрана.

Најверојатно, ќе се појави нова модификација на роботскиот систем „Уран-9“. Како што за РИА „Новостиˮ изјави информиран извор од воената индустрија, врз база на овој робот ќе биде креиран нов систем за противвоздушна одбрана. Тој ќе служи како засилување на ПВО-системите на моторизираните и тенковските единици.

Автоматизираниот противвоздушен ракетен систем ќе биде специјализиран за уништување летала и средства за воздушен напад кои дејствуваат на мали и исклучително мали висини.  

Инаку, борбениот повеќенаменски роботски систем „Уран-9ˮ без екипаж влезе во состав на вооружувањето на руската војска во 2019 година. Наменет е за вршење извиднички и антитерористички задачи. Со сегашниот комплет опрема роботот е во состојба да се бори против пешадија и оклопна техника.

Семејството борбени роботи, освен моделот „Уран-9ˮ, го сочинуваат и системот за деминирање „Уран-6ˮ и противпожарниот систем „Уран-14ˮ.