Руското Министерство за одбрана објави детали за пресретнувањето на британскиот разурнувач

Су-24М

Су-24М

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
„Нашиот Су-24М изврши предупредувачко бомбардирање со бомби од 250 килограми на растојание помало од километар од бродот. Странскиот екипаж не можеше да види ништо добро во тоа“, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија, генерал полковник Андреј Картаполов.

Бомбардирањето по курсот на британскиот разурнувач „Дифендер“, кој вплови во територијалните води на Русија, беше реализирано на растојание помало од еден километар.

„Кога по курсот на британскиот брод паѓаа бомбите, не покажавме баш толеранција. Нашиот Су-24М изврши предупредувачко бомбардирање со бомби од 250 килограми на растојание помало од еден километар од бродот. Странскиот екипаж не можеше да види ништо добро во тоа“, рече во интервју за весникот „Аргументи и факти“ заменик-министерот за одбрана на Русија, генерал-полковник Андреј Картаполов.

Со акцијата на флотата командуваше рускиот министер за одбрана преку Националниот центар за управување со одбраната, истакна генералот.

„Не постоеше можност да дојде до судир на бродови, бидејќи бродот што ги следеше дејствата на разурнувачот беше значително помал според депласманот“, продолжи Картаполов.

На 23 јуни, во близина на кримскиот ‘рт Фиолент британскиот разурнувач „Дифендер“ без дозвола навлезе во руските територијални води и не реагираше ни на сигналот од брегот ни на предупредувачките истрели од патролен брод на Црноморската флота. Тој беше запрен само од бомбардер на морнаричката авијација на Црноморската флота кој долета од брегот. Откако беа фрлени четири бомби на курсот по кој се движеше разурнувачот, „Дифендер“ го смени курсот и премина во меѓународни води. Владимир Путин ги опиша дејствијата на британскиот брод како „комплексна провокација“: додека Црноморската флота го истеруваше разурнувачот „Дифендер“, извидувачки авион на САД ја бележеше активноста во етерот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња