Боево гаѓање на учесниците во заедничките руско-индиски маневри на копнените сили (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Првото увежбување на гаѓањето беше извршено на полигонот Прудбој во Волгогорадската област во рамките на заедничката руско-индиска воена вежба на копнените сили „Индра 2021“.

Припадниците на Вооружените сили на Руската Федерација и Индија извршија подесување и пробно гаѓање од орудија и митралези на борбени возила на пешадијата БМП-3 и тенкови Т-90А, од пиштоли, рачки митралези „Калашников“, како и од рачни противтенковски и потцевни фрлачи на гранати.