Интерконтиненталната балистичка ракета „Топол“ се повлекува од вооружувањето на руската војска

Olga Sokolova/Global Look Press
Руската војска ќе престане да ги користи интерконтиненталните балистички ракети РС-12М „Топол“ после 2024 година.

Планирано е во 2024 година последната ИБР „Топол“ да биде повлечена од вооружувањето на Ракетните сили за стратешка намена. Во моментов споменатите ракети се заменуваат со ИБР „Јарс“ со повеќе боеви глави, изјави за новинската агенција ТАСС извор од одбранбено-индустрискиот комплекс. Агенцијата не доби официјална потврда на оваа информација.

Дел од отпишаните ИБР би можел да биде употребен во својство на ракета-носач „Старт 1“ за лансирање на лесни сателити во ниската орбита околу Земјата. За можното обновување на програмата „Старт 1“ во 2020 година зборуваше генералниот дизајнер на Московскиот институт за термотехника Јуриј Соломонов, кој работеше на „Топол“. Според податоците од јавно достапните извори, Институтот во моментов работи на нови балистички проектили од „дрвената“ серија „Кедар“ и „Јасика“.

Ракетниот систем „Топољ“ со боев моноблок со сила од 550-800 килотони влезе во вооружувањето на руската војска на 1 декември 1988 година. Во вооружувањето на Ракетните сили за стратешка намена во одделни периоди имаше до 360 проектили од тој тип. Без оглед на можноста за продолжување на рокот за експлоатација, ИБР „Топол“ ќе биде заменет со „Јарс“ со повеќе боеви глави со посебно наведување.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња