Моќен и издржлив: „Национален Интерес“ го наведе клучниот елемент на руската нуклеарна тријада

Reuters
„Национален Интерес“ (The National Interest) со висока оцена за мобилните нуклеарни ракетни системи на Русија.

Списанието „Национален Интерес“ им посвети статија на мобилните интерконтинентални балистички ракети (ИБР) на Русија. Авторот  Марк Епископос смета дека тие оружја се клучниот елемент на нуклеарната тријада.

Тој потсетува дека развојот на ИБР во Советскиот Сојуз започна поради стравот дека САД ќе успеат да го нанесат првиот удар врз нуклеарните ракети базирани во силоси. Нивната главна предност е преживувањето, пишува „Росијскаја газета“.

Мобилните лансери се многу потешки за откривање, следење и уништување од нивните стационарни пандани. На тој начин тие се важна компонента на стратешки вишок, нудејќи одржлива алтернатива во случај на неуспех на другите делови на советската нуклеарна тријада.

Првиот голем успех во оваа насока беше создавањето на ИБР РТ-2ПМ (SS-25) „Топол“. И по распадот на СССР, тоа беше основа на руските мобилни интерконтинентални балистички ракети. Но, Русија веднаш започна да работи на наследник, преземајќи го советскиот проект кон крајот на 1980-тите години за создавање подобрена верзија на „Топол-М“ (SS-27). Таа може да се пофали со боева глава од 550 килотони. Како и кај некои од подоцнежните руски ракети, таа го користи дигиталниот инерцијален навигациски систем ГЛОНАСС.

Покрај тоа, во состав на вооружувањето на Русија се наоѓа и помодерната мобилна ИБР „Јарс“.

Сега центарот за развој се помести малку од мобилните ИБР кон ултрамодерните системи со базирање во силоси. Нема никакво сомнение дека РС-28 „Сармат“ е меѓу најзначајните нови ИБР во Русија. Брзината од 10 Маха ја прави имуна на пресретнување од кој било постоен или иден систем за противвоздушна одбрана. Независно од тоа, мобилните ИБР продолжуваат да заземаат значителен дел од стратешкиот нуклеарен арсенал на Русија. И овој сооднос на силите е малку веројатно дека ќе се промени во блиска иднина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња