Бомбардери Ту-22М3 ќе учествуваат во заедничка вежба со Узбекистан на границата со Авганистан, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
„Четири суперсонични бомбардери-ракетоносци Ту-22М3 се префрлени на оперативен аеродром во Саратовската област заради учество во заедничките руско-узбекистански вежби што ќе се одржат на почетокот на август на полигонот „Термез“ во Сурхандаринската област (Република Узбекистан)“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Се истакнува дека во текот на практичните дејствија екипажите на Ту-22М3 ќе полетаат од аеродромот во Саратовската област, ќе извршат прелет до полигонот „Термез“ и ќе одработат задачи по нанесување групни бомбардирачки удари по условно маскирани кампови на борци и складишта за муниција. Се додава дека руските бомбардери ќе бидат покривани од два ловци МиГ-29 на Узбекистан.
Се потенцира дека основата на рускиот воен контингент, кој ќе земе учество во заедничката вежба во Узбекистан, се состои од мировни единици и разузнавачки групи на бригадите на спецназот од Централниот воен округ (ЦВО). Во вежбите ќе земат учество околу 1500 војници од вооружените сили на Русија и Узбекистан, кои ќе траат до 10 август во регионот што се граничи со Авганистан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче