Во Мурманската област во полкот на стратешката авијација бомбардерите Ту-22М3 изведоа ноќни летови во текот на кои екипажите на авионите симулираа примена на ракетно вооружување врз копнени цели.
Во гаѓањата учествуваа младите офицери како навигатори и помошници на командирите на авионите под раководство на искусни пилоти-инструктори. Посебно внимание беше посветено на летањето по зададена маршрута и строгото почитување на временските интервали во ноќно време.
„Овие летови се реализираат според планот за борбена обука. Главната задача на екипажите е увежбување на сигурни и организирани дејствија во секоја доба на денот“, истакна командантот на полкот, полковник Олег Тимошин.
Во текот на една летачка смена се користени околу 10 единици авиотехника и преку 20 единици автомобилска и специјална техника на баталјонот за аеродромско-техничко обезбедување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче