„Оган“ кола: краснодарски блогер претвори „Жигули“ во пламенофрлачки тенк (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На „бојното поле“ во Краснодар ќе излезе пламенофрлачки автомобил. Неговиот креатор се заканува дека ќе ги запали сите поразени коли во борбата.

На 31 јули блогерот и автомеханичар Ваган Микаелјан покажа на својот профил на „Инстаграм“ ВАЗ-2106 со инсталиран на неа пламенофрлач. На објавените снимки се гледа како пламените јазици излегуваат директно од фаровите на автомобилот, пишува fontanka.ru.

Микаелјан раскажува, дека неговиот „змеј“ ќе ја изгори првата кола, поразена во автомобилска битка.