Русија го објави најверојатниот официјален назив на новиот ловец Checkmate

Checkmate на Меѓународниот авиосаем МАКС-2021, 20 јули 2021 г.

Checkmate на Меѓународниот авиосаем МАКС-2021, 20 јули 2021 г.

Леонид Фаерберг/Global Look Press
Новиот руски едномоторен ловец Checkmate, создаден од државната корпорација „Ростех“, наскоро ќе го добие називот Су-75, изјави министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров.

„Тоа е неговиот работен назив. Ние, се разбира, ќе стигнеме до традиционалната номенклатура на која сме навикнати. Најверојатно тоа ќе биде Су-75. Односно, ако основата е земена од Су-57, тогаш верзијата е Су-75“, рече Мантуров во интервју за РБК-ТВ, пренесува ТАСС.

Министерот истакна дека името Checkmate, под кое ловецот беше претставен за прв пат на авиосаемот МАКС 2021, го смислија инженерите. Тој изрази уверување дека авионот ќе има мошне голема побарувачка на пазарот. „Што се однесува до Checkmate - тоа е авион што ќе биде баран на пазарот. Имајќи предвид дека е поевтин, значително поевтин. Тој е и мобилен“, рече министерот, додавајќи дека авионот не е инфериорен во однос на странските пандани според авионските убојни средства и другите тактичко-технички карактеристики, бидејќи е дури и подобар од нив, пишува „Взгљад“.

Авионот е направен според стелт-технологии, опремен е со отсеци во трупот за авионски убојни средства од класите „воздух-воздух“ и „воздух-земја“. Може да носи над 7 тони полезен товар. Ловецот може истовремено да гаѓа до 6 цели.

Брзината на едномоторниот авион е 1,8 Мах, а борбениот радиус - 3000 км. Машината ќе биде опремена со високоефикасен погон. Се претпоставува дека Checkmate ќе полета во 2023 година, а до 2026 година „Ростех“ планира да започне со негово масовно производство.

Претходно генералниот директор на Обединетата авионска корпорација Јуриј Сљусар соопшти дека новиот едномоторен ловец од петтата генерација Checkmate ќе се склопува во фабриката за авиони „Ј. А. Гагарин“ во Комсомолск на Амур, која е филијала на „Сухој“.

Прочитајте повеќе: Што знаеме за „Checkmate“ - новиот руски ловец што ќе се натпреварува со Ф-35

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња