Пилот опишува сценарио на битка меѓу рускиот Checkmate и американскиот F-35

Русија го демонстрираше прототипот на својот едномоторен лесен тактички ловец од петтата генерација Checkmate (Шах-мат) на Меѓународниот аерокосмички саем МАКС -2021, 20 јули 2021 година.

Русија го демонстрираше прототипот на својот едномоторен лесен тактички ловец од петтата генерација Checkmate (Шах-мат) на Меѓународниот аерокосмички саем МАКС -2021, 20 јули 2021 година.

Евгениј Синицин/Global Look Press
Пробниот пилот Анатолиј Книшев опиша можно сценарио на битка меѓу рускиот лесен тактички авион Checkmate (Су-75) и американскиот ловец од петтата генерација F-35.

„Колку што ми е познато, Американците во концептот на модернизираниот F-35 постепено ги ублажија барањата поврзани со маневарските можности и најмногу внимание посветија на општата динамичност на борбениот систем на нивниот ловец. А кај рускиот Су-75 е обратно, т.е. исклучителните маневарски можности се приоритет. Со самото тоа, „Шах-мат“ стекнува многу важна предност во воздушна борба“, изјави Книшев за весникот „Комсомолскаја правда“.

Според него, ловецот F-35 може да лета под нападен агол од 50 степени, но не може истовремено да изврши борбено свртување, додека Су-75 може да го стори тоа, што му гарантира предност во борбата.

Пилотот исто така потсетува дека опремата на рускиот авион овозможува напад врз шест и следење на 30 воздушни цели. Ривалскиот авион ги нема тие показатели. Покрај тоа, радарот на Су-75 има поголем опсег, така што побрзо го открива непријателот. Книшев потсетува дека „Шах-мат“ ќе биде опремен со елементи на вештачка интелигенција, што сугерира алгоритам на дејствија во борба.

„Вие, секако, би сакале да го слушнете ова од мене: „Море има да му ја запржам чорбата на Американецот!“ Но, јас не го велам тоа. Јас само велам дека битката ќе се води отприлика со исти борбени авиони, а исходот ќе зависи од умешноста на пилотот да извлече максимум од своето летало. А тука никогаш не се знае кој на кого ќе му ја запржи чорбата“, заклучува Книшев.

Новиот руски лесен ловец Chekdmate развива брзина од 1900 км/ч и има долет од околу 3000 км. Планирано е првите испораки на новиот ловец со еден мотор да почна за пет и пол години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња