Новиот руски ловец Checkmate ќе има помодерна авионика во однос на американскиот F-35

Проектот на концернот КРЕТ (КРЭТ) вклучува изработка на перспективен колиматорски индикатор со широк формат, потоа прегледен панорамски воздухопловен индикатор и повеќенаменски пулт-индикатор. Овој комплекс според својот изглед и функција нема да заостанува во однос на аналогната опрема што ја користи најмодерниот американски ловец од петтата генерација F-35. Згора на тоа, руските специјалисти се уверени дека во однос на конкуренцијата нивниот комплекс авионика ќе има и низа предности.

Едномоторниот лесен тактички ловец Checkmate (анг. шах-мат) ќе го добие најсовремениот комплекс авионика. Пилотот ќе може да ги види сите информации на голем панорамски индикатор со сензорски екран (екран на допир) и индикатор што ќе се наоѓа на предното стакло на пилотската кабина, изјави за веб-порталот ТАСС советникот на првиот заменик-генерален директор на КРЕТ Владимир Михеев.

Современиот комплекс на авионика се развива во специјализираното Раменско конструкторско биро за изработка на инструменти (дел од концернот КРЕТ). Комплетниот проект вклучува изработка на перспективен колиматорски индикатор со широк формат, потоа прегледен панорамски воздухопловен индикатор и повеќенаменски пулт-индикатор. Овој комплекс според својот изглед и функција нема да заостанува во однос на аналогната опрема што ја користи најмодерниот американски ловец од петтата генерација F-35. Згора на тоа, руските специјалисти се уверени дека во однос на конкуренцијата нивниот комплекс авионика ќе има и низа предности.

„Во склоп на развојот на овие високософистицирани индикатори, се работи сличен развоен проект и за опремување на кабините на борбените ловци од генерациите 4++ и 5-та генерација МиГ-35Д и Су-57. Овој проект ја претставува следната технолошка етапа кога станува збор за развој на перспективна авионика за руските борбени летала која со ништо нема да заостанува зад аналогните системи, како што е на пример радиоелектронскиот комплекс интегриран во американскиот борбен авион од петтата генерација F-35“, напоменува Михеев.

Перспективниот колиматорски индикатор со широк формат има функција на предното стакло што се наоѓа во висина на главата на пилотот (фронтална проекција) јасно и прегледно да ги прикаже основните информации за летот, како и целокупната ситуација во воздушниот простор. „На стаклото ќе се прикажуваат информации за сите цели, како и асистенцијата на пилотот која ќе покажува кое убојно средство во даден момент е најсоодветен избор за нивно уништување“, рече Михеев.
Од друга страна, панорамскиот индикатор со широка дијагонала (ширина 25 инчи) ќе биде опремен со екран на допир, и во реално време ќе прикажува детални информации за сите системи во авионот, како и за убојните средства, траекторијата на леталото и неговата позиција во однос на зададениот правец на летање. Овој индикатор ќе функционира во највисока можна резолуција, така што ќе поддржува дигитални и тродимензионални карти со голема прецизност.

Повеќенаменскиот дисплеј исто така ќе биде опремен и со екран на допир. Неговата основна намена е контрола и управување, поточно, пилотот преку него ќе може да го контролира комплетниот софтвер што го поддржува комплексот авионика на леталото.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња