Кого „воскреснаа“ научниците од руската вечно замрзната земја?

Виталиј Белоусов/Sputnik
Изгледа дека Јакутија слободно можеме да ја наречеме непресушен природен „ладилник“ во кој научниците секоја година пронаоѓаат по некое животно старо повеќе од десетина илјади години. А, некои од нив дури и ги оживеаја.

Ротатории стари 24 илјади години

Во јуни беше објавена веста дека руските научници успеале да одмрзнат ротарија која оживеала и по најмалку 24 илјади години почнала да се размножува. Експериментот на одмрзнување микроскопски, но сеедно повеќеклеточни црви од сибирската вечно замрзната земја е изведен во 2015 година, но дури сега е опишан во престижното списание Current Biology. Научниците во меѓувреме го проучуваа нивниот геном и проверуваа дали црвите можат да преживеат повторно замрзнување.

„Засега ова е најсигурното сведоштво за тоа дека повеќеклеточните живи битија можат да преживеат десетина илјади години во состојба на практично целосно запирање на метаболизмот“, изјави еден од истражувачите, научниот соработник на Институтот за физичко-хемиски и биолошки проблеми на проучувањето на тлото на Руската академија на науките Станислав Маљавин.

Ротариите се мошне жилави, во состојба се да се „исушат“ самите себеси во екстремни услови. При недостаток на вода за време на суша (или кога таа се претвора во мраз), брзо ги отстрануваат сите свои остатоци од клетките и произведуваат материи со помош на кои паѓаат во анабиоза. Меѓутоа, тешко беше да се претпостави дека можат да оживеат по толку години.

Истражувањата покажаа дека „воскреснатите“ ротарии добро го поднесоа и новото замрзнување, иако современите видови не можат да го направат тоа, зашто нивните клетки пропаѓаат кога се формираат кристалите од мраз. Очигледно е дека древните ротарии имале некаков заштитен биолошки механизам по кој и се трага во неговиот геном.

Меѓутоа, тие не се единствените повеќеклеточни организми што се „оживеани“.

Валчести црви од 42 илјади години

Рекордот на ротариите го соборија валчестите вцрви – нематоди. Првите вести за нив беа објавени во 2018 година. Споменатиот институт за проучување на тлото соопшти дека одмрзнатите нематоди се стари 42 илјади години.

А, беа пронајдени сосема случајно. Научниците ставија примерок на замрзнати делови од карпа во Петриев сад со хранливи состојки со цел да ги истражат замрзнатите едноклеточни организми. Меѓутоа, заедно со нив оживеаја и повеќеклеточните нематоди.

„Забележавме црви кои почнаа да се движат. Од момент на одмрзнување поминаа околу две недели“, вели Анастасија Шатилович, постар научен соработник.

Во овој момент еден дел е замрзнат, а друг исушен, а трет е жив и се размножува.

Меѓутоа, како и во случајот со ротариите засега не е јасно што им овозможило да преживеат толку долга криоконзервација. Врз основа на познатите биохемиски реакции во повеќеклеточните организми тоа не се очекуваше под кој и да е услов.

Праисториско кутре

Сергей Федоров/Северо-Восточный федеральный университет имени М. К. Аммосова

Во јакутскиот пермафрост пронајдени се три мумии на праисториски кутриња. Две се пронајдени покрај брегот на реката Салах, од 2011 и од 2015 година. Тоа се тримесечни кутриња од исто легло, кои во замрзнатата земја минале 12.500 години. Најверојатно настрадале поради одрон, но и двете се одлично зачувани. Кај едното е дури изваден речиси неоштетен мозок.

Сергей Федоров/Северо-Восточный федеральный университет имени М. К. Аммосова

Мумијата од третото кутре беше пронајдена во 2018 година во одронето парче земја од страна на локалното население во Абискиот регион во Јакутија, 360 километри северно во однос на првиот пронајдок. На мумијата не се зачувани само крзното и мустаќите, ами и трепките и нежниот нос. Меѓутоа не беше јасно дали тоа праисториско куче било волк, куче или волчјак. Примероците од геномите на кутрето беа испратени во Шведскиот центар за палеонтологија кој поседува најголема банка на ДНК за кучиња во Европа, меѓутоа генетско совпаѓање со јакутското куче не беше регистрирана. Се претпоставува дека станува збор за едно од најстарите домашни животни.

Изумрен коњ

Северо-Восточный федеральный университет имени М. К. Аммосова

Уште еден оригинален пронајдок, единствен на светот труп на изумрениот коњ Equus lenensis има минато во пермафростот 42 илјади години. Пронајден е во Батагискиот кратер познат и како „портата на пеколот“.

Според директорот на Музејот на мамути Семјон Григориевич коњот е најдобро зачуваниот пронајдок од ледениот период во целиот свет. Трупот нема никакви видливи оштетувања.

Како што покажала експертизата во моментот на смртта животното имало околу две недели. Коњот паднал во кратерот и се удавил во калта за што сведочат неговите остатоци во внатрешните органи. Калта брзо се замрзнала и затоа распаѓањето не ги зафатило внатрешните органи, меките ткива по 40 илјади години останале со црвеникава боја, а од крвните садови на срцето научниците успеале да извадат примероци на течна крв – „најстарата крв на светот“.

Мичил Яковлев/Северо-Восточный федеральный университет имени М. К. Аммосова


Во соработка со научниците од Сеул, руските стручњаци се обиделе од крвта да издвојат клетки кои би можеле да се користат за дешифрирање на геномите и за клонирање на изумрените видови, но засега тоа е неуспешно.

Пештерски лавови

Порано на просторот на денешен Сибир живееле огромните пештерски лавови Panthera leo spelaea тешки околу 260 килограми и долги два метри. За нив денес се знае врз основа на четирите младенчиња кои беа пронајдени во 2015, 2016 и во 2018 година. Најстарото лавче минало в земјата 47 илјади години.

Меѓу другото тие ја потврдија теоријата дека Panthera leo spelaea имал шари во вид на дамки. Научниците претходно беа склони овие лавови да ги припишат на „уметничката слобода“ на праисториските автори на цртежите на ѕидовите од пештерата Шова во Франција. Двете јакутски мумии на лавчиња навистина имаат густо крзно прошарано со дамки.

Мамути, не им се знае бројот

На просторот на Јакутија се наоѓаат околу 70 отсто од постоечките коски и други делови на мамути во светот. Затоа мамутите тука најчесто се пронаоѓаат. Првиот е пројаден во 1799 година. Адамсовиот мамут е првиот комплетен скелет на мамут со кој научниците имале работа, иако мораа малку да причекаат. Прво четири години локалните Евенки чекаа трупот целосно за се истопи на карпата и потоа го продадоа на еден локален трговец. Преку него за овој пронајдок дозна асистентот по зоологија на Императорската академија на науките Михаил Адамс кој сè што остана од мамутот префрли во санктпетербуршката Кунсткамера, а тоа беше скелет со големи парчиња кожа, две нозе и око.

Најдобро е зачувана мумијата на млада женка која живеела пред околу 28 илјади години. Пронајдена е во 2011 година ја јужниот брег на Лаптевското море и го доби името Јукој. Беше висока 165 сантиметри, а должината на телото од коренот на сурлата до опашот беше нешто поголема од два метра.

Мускулните клетки беа толку добро зачувани што научниците ги пресадија јајничните клетки на глушец и пет од нив покажаа „знак на биолошка активност“, реакција која обично се случува пред делбата. Но, сепак, не дојде до делба.

Прочитајте исто така:Што се случи со црвите стари 42.000 години кои руските научници ги разбудија пред две години?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња