Можат ли да се сретнат мамути во Сибир или тоа е задача за во иднина?

Секоја година, повеќето остатоци од мамути во светот се наоѓаат во Русија. Сепак, некои претпочитаат да веруваат дека не ни треба ваков „доказ“ за нивното постоење ... затоа што тие сè уште се целосно живи и здрави.

Во еден од најоддалечените делови на Русија, во огромната сибирска тајга, може да се помине 160 километри без да се сретне со друг патник. Дали е можно овие територии сè уште да кријат живи мамути?

Постојат луѓе во Русија кои сметаат дека е така. Некои мистериозни телевизиски програми го „истражуваат“ ова прашање, додека локалното население продолжува да раскажува приказни за набљудувањата на мамутите. Според гласините од четириесеттите години од минатиот век, воените пилоти прелетале над густата тајга во Јакутија и забележале мало стадо животни, многу слично на волнениот мамут. Во 1978 година, нешто слично се случи со група луѓе на реката Индигирка во Јакутија. Тие тврдат дека едно утро виделе околу десетина мамути, кои тивко пијат вода од реката.

Сепак, ова не се ништо повеќе од легенди, како што се оние за Јети или чудовиштето од Лох Нес, вели Никита Зимов, руски екологист и директор на Плеистоценскиот парк во Јакутија, проект насочен кон заживување на природното живеалиште на мамутите - северно субарктичко степско пасиште, екосистем кој постоел тука пред илјадници години. Големиот сон е мамутите повторно да започнат да талкаат по Земјата. (Значи, неспорно е дека Зимов со задоволство би ја поддржал теоријата за живи мамути ако навистина сметал дека е можно.)

„Ова е целосна глупост. Мамутите на копното на Евроазија исчезнаа, поточно беа истребени (од луѓе) пред 9.000 години. Последните мамути живееле на островот Врангел до пред 3.380 години“, вели тој. „Згора на тоа, веќе нема такво нешто како неистражена сибирска тајга - луѓето ја имаат посетено многу пати во последните 200-300 години“.

Татковината на мамутите?

Ако сакате да ги видите најдоброзачуваните фосили на мамут, Русија е вистинско место за тоа.

Зошто е тоа така? Па, вечниот мраз во најсеверните делови на Русија е исклучително погоден за оваа задача (како мамутот да умрел вчера), а кога ќе се стопи, ерозијата на речниот брег или други природни фактори ги откриваат остатоците прво на локалното население, а потоа и на научниците.

Според музејот „Мамут“ во Јакутск, во Јакутија се пронајдени 75% од светски познатиот мамут со зачувано меко ткиво.

„Мамутите живееле во областа што се протега од современа Шпанија до Канада [тогаш имало природен мост што ја поврзувал Евроазија со Северна Америка]. Каде настанале како вид, не можеме да кажаме, но голем дел од нивното живеалиште бил на територија на денешна Русија – затоа, нема да претеруваме ако кажеме дека Русија е нешто како „татковина на мамутите“, вели Зимов.

Според него, сепак, бројот на пронајдени остатоци во Русија не е доказ дека токму тука се наоѓало најголемото население на планетата. Ова само покажува дека остатоците се многу подобро зачувани овде благодарение на вечниот мраз. „Густината на популацијата на мамути можеби е поголема, на пример, во современа Шпанија“, вели тој.

Клонирање мамут

Идејата за враќање на мамутот во живот е примамлива, но се чини дека руските научници не работат напорно во оваа област на генетски истражувања, и покрај толку многу замрзната ДНК пронајдена во земјата.

Според Зимов, постојат три главни тимови кои во моментов работат на ова прашање - еден предводен во Харвард, САД и два во Јапонија и Јужна Кореја. Сите тие го истражувале проблемот уште од средината на деведесеттите години на минатиот век.

„Нашите научници од музејот 'Мамут' во Јакутск исто така се вклучени во оваа студија, но нивната работа е претежно да го пронајдат генетскиот материјал и да го пренесат во лабораториите во Јапонија или во Кореја“, објаснува Зимов, додавајќи дека руската генетика како наука не се развива брзо како и во другите земји.

Тој забележува дека за клонирањето на мамутите многу се зборува во медиумите, иако нема доволно докази за неговата потенцијална ефективност. „Лично, би бил многу среќен да видам мамути во нашиот парк Плеистоцен. Но, засега е како да чекате чудо“, заклучува тој.

Прочитајте исто така: Руски и јапонски научници успеаја да „разбудат” клетки на мамут

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња