„МиГ“ започна да развива палубен борбен авион од петта генерација и ударен дрон „Скат“?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во Русија започна развојот на перспективниот палубен ловец од петтата генерација на МиГ. Конструкторите на корпорацијата за изградба на авиони планираат да го претстават прототипот на авионот во наредните години.

Тој ќе биде направен според стел-технологија, изјави за РИА „Новости“ соговорник од одбранбено-индустрискиот комплекс. Во моментов е во тек компјутерско моделирање на перспективниот палубен ловец. Ќе биде изработен со димензии како МиГ-35, со можност за вертикално полетување и слетување, пишува „Росијскаја газета“.

Покрај тоа, леталото ќе биде конструирано во единствен комплекс - палубен ловец и дрон. Масата на беспилотното летало, кој се планира да биде направен според аеродинамичната шема „летечко крило“ - ќе биде над 10 тони. Дронот ќе работи заедно со ловецот и ќе ги извршува функциите на „верен придружник“ - полнење гориво и заедничко нанесување удари.