„Планираме да се префрлиме на нов авион. Чекаме кога ќе биде донесена одлуката за промена на авионот. Оваа година би требало да го добиеме новиот МиГ-35. Но, тоа не зависи од нас, туку од индустријата, од државните испитувања. „Секогаш приемот на авион во состав на вооружувањето е долготраен процес“, изјави Осјајкин.
Тој додаде дека групата, која последните години настапуваше во авиони МиГ-29, очекува да го добие бројот на авиони што ѝ се потребни. „Се надевам дека ќе бидат девет“, додаде командантот на групата „Стрижи“, која учествува на саемот на воздухопловство МАКС-2021.
МиГ-35 е најновиот авион кај кој се користени технологии на ловец од петтата генерација. Наменет е за уништување воздушни цели во секое време од денот и во сите временски услови, како и за гаѓање подвижни и неподвижни цели на копно и вода. Меѓу предностите на Миг-35 инженерите, меѓу другото, ги издвојуваат намалената видливост на радарите, радарот со активна фазна решетка на антената, системот за укажување цели на шлемот и новите мотори со зголемена влечна сила. Ловецот може да ги користи сите видови наведувани и ненаведувани ракети, како и најновите наведувани бомби.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче