Воздушни акробати: „Стрижи“ и „Руски витези“ ја покажаа програмата за авиокосмичкиот саем МАКС-2021

Kremlin Pool/Global Look Press
Учеството на руските воздушни акробати на МАКС не е само шоу за гледачите, туку и демонстрација на можностите на руската авијациска техника.

Руските аеробатски групи „Стрижи“ и „Руски витези“ им ја покажаа на новинарите својата нова програма на летање, со која ќе учествуваат на авиокосмичкиот саем МАКС-2021. Пилотите ќе изведуваат фигури со најновите повеќенаменски ловци и ќе ги искористат нивните можности до максимум.

По невремето и обилните дождови над Русија, времето конечно се смири и на речиси безоблачното небо над воздушната база Кубинка, ловците одработија елементи од нивната програма за демонстрациониот дел на авиокосмичкиот саем МАКС, кој започнува во Жуковски на 20 јули.

Настапот на аеробатските групи во рамките на MAКС е, се разбира, претстава за гледачите, но на прво место е демонстрација на можностите на руската авијациска техника. Пилотите изведуваат елементи кои даваат максимално целосна претстава за тоа што всушност се способни овие воени машини со вешто користење. Имено благодарение на таквите демонстрации потенцијалните странски купувачи можат најдобро да ги ценат, пишува ТВ „Ѕвезда“.

Оваа година ќе видиме нова програма на летање со бројни измени. Пилотите од аеробатската група „Стрижи“ составена од шест екипажи на ловци МиГ-29 ќе демонстрираат фигури како „ѕвезда“, „стрела“, „пирамида“, „авион“, синхроно „буре“ и други.

„Руските витези“ ќе ги одработат своите фигури на нови повеќенаменски ловци Су-35. Со нив летаат од неодамна, откако претходно го демонстрираа своето мајсторство со Су-27 и Су-30.

Су-35 е авион од генерацијата 4++. Се наоѓаа во вооружувањето и на Кина, и благодарение на неговите можности, блиски до оние на авион од 5 генерација, има богат потенцијал за извоз.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња