Многумина коментатори на порталот „Фокс Њуз“ истакнуваат дека во последно време Москва и Пекинг сериозно го зајакнале својот одбранбен и напаѓачки потенцијал. „И Русија и Кина во последните неколку дена испратија закани до САД. И тоа не е вообичаено ѕвечкање со оружје“, смета Skepticismisgood.
„Русија е земја против која не треба да се војува ни под било какви услови. Не верувајте на ниту еден збор кога ќе ви раскажуваат за „слабите“ руски Вооружени сили, бидејќи тоа е лага. ... Војната против нив би била исклучително тешка“, истакнува Commiesamongus.
Притоа читателите сметаат дека виновници за таквите стравови се американскиот претседател и неговите помошници. „Два дена и две закани од различни земји, а Бајден се задишува зад воланот“, пишува pcbhog.
„САД наскоро нема да можат воопшто да покажат никаква војска... Треба да се биде внимателен со оваа администрација. Бајден нема поим ниту кој ден е денес, Камала Харис (потпретседателката) се смее дури и прст ако ѝ покажеш, и Господ знае кој воопшто одлучува таму за сè“, истакнува buildthedamnwall877.
Некои коментатори сметаат дека се враќа времето на Студената војна, а други не можат да одолеат да не се пошегуваат. „Мислам дека имаме уште време да научиме руски или мандарински“, иронично напоменува Nanookanono28.
„Русите треба да се плашат од Џо Бајден. И ние треба да се плашиме дека Џо ќе си приреди себеси „непредвиден конфликт“... Ниту ракети нема да бидат потребни“, пишува друг корисник.
Веста за тестирањето на „Циркон“ беше објавена на 19 јули. Руската фрегата „Адмирал Горшков“ успешно истрела хиперсонична ракета и погоди копнена цел. За време на тестирањето, беа потврдени тактичко-техничките карактеристики на ракетата.
Потоа портпаролот на Пентагон Џон Кирби изрази загриженост поради тестирањето на руската ракета „Циркон“, изјавувајќи дека Русија проектира хиперсонични ракети со можност за нуклеарно вооружување и нарекувајќи ги „потенцијално дестабилизирачки фактор кој претставува значајна закана“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче