Русија и Турција подготвуваат проект за дополнителна испорака на С-400 „Триумф“

Сергеј Малгавко/Sputnik

„Рособоронекспорт“ (дел од државната корпорација „Ростех“) во наредните месеци ќе подготви проект за испорака на дополнителна партија противвоздухопловни ракетни системи С-400 на Турција. Ова за новинарите го изјави генералниот директор на „Рособоронекспорт“ Александар Михеев за време на авиосаемот МАКС-2021.

„Очекуваме во наредните месеци овој проект (за испорака на дополнителна партија С-400 на Турција) да биде завршен“, изјави Михеев.

„Се вршат завршните консултации, формиран е финансиски модел, формирана е програма за технолошка соработка на овој проект“, додаде тој.

MAКД-2021 се одржува во подмосковскиот град Жуковски од 20 до 25 јули. Изложбата е еден од трите најголеми авиосаеми во светот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња