На интернет се појави уникатна снимка од лет на авион Sukhoi Superjet 100 направена во пилотската кабина. Летот беше организиран специјално за Меѓународниот авиосаем МАКС 2021, кој деновиве се одржува во подмосковскиот град Жуковски.
На видеото се гледа како пилотите полетуваат, свртуваат над аеродромот и се креваат. По неколку круга, речиси допирајќи ја пистата, тие повторно се подигаат во воздух. Откако прави уште едно свртување, авионот се спушта. Снимката е објавена на „Инстаграм“.
Минатиот месец министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров изјави дека Москва и Белград разгледуваат испорака на авиони Sukhoi Superjet 100 на Србија, како и дека конкретни договори по тој повод сé уште нема.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче