Јапонците предвидуваат крај на светот ако Русија ја примени ракетата „Цирконˮ

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Веста за успешното тестирање на руската хиперсонична ракета „Циркон“ предизвика бурна дискусија меѓу читателите од Јапонија.

Веста за успешното тестирање на руската хиперсонична ракета „Циркон“ предизвика бурна дискусија меѓу читателите на порталот Yahoo News Japan.

Многу корисници на интернетот од Јапонија се загрижија за безбедноста на својата земја, истакнувајќи дека таа „нема шанси“.

„Лошо ни се пишува! Кога ние ќе имаме такво оружје?!, пишува sin.

„Ако оваа ракета носи нуклеарна боева глава, нема спас од неа. Армагедон!“, смета j_m.

„Би било добро Јапонија да не стане мета на тој „Циркон“!“, истакнува  pux.

Некои коментари, напротив, изразуваат радост за рускиот успех.

„Русите се паметни! Не случајно беа први во вселената! Само кога би можеле да ја поврземе нивната генијалност со нашата практичност!“, пишува ТМК.

Други се обидуваат да повлечат паралела помеѓу тестирањето на ракетата и меѓународната манифестација што се приближува.

„Обрнете внимание на времето кога е тестиран овој „Циркон“. Токму во пресрет на отворањето на Олимпијадата во Токио. Зарем не мислите дека во тоа има некаква скриена смисла во тоа?“, се прашува shy.

Информацијата за тестирањето на „Циркон“ беше објавена на 19 јули. Руската фрегата „Адмирал Горшков“ успешно истрела хиперсонична ракета и погоди цел на копно. Се истакнува дека во текот на тестирањето биле потврдени очекуваните тактичко-технички карактеристики на ракетата.

Таа се движела со брзина од седум маха.