МАКС-2021: „Калашников“ за прв пат ќе претстави беспилотно летало на хибриден погон

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
ZALA 421-16E5G може да се наоѓа во воздух 12 часа, а за тоа време може да помине растојание до 1200 км. Според производителот, неговата посебна карактеристика е исклучително нискиот шум за време на летот кога се напојува од електричната гранка на моторот. Батеријата во овој режим на работа може да издржи 60 минути, по што се вклучува моторот со внатрешно согорување. За тоа време, батеријата се полни и по 120 минути е повторно подготвена за работа.

Компанијата ZALA Aero (дел од компанијата „Калашников“ која се наоѓа во состав на државната корпорација „Ростех“) на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2021ќе го претстави првото домашно беспилотно летало на хибриден погон. Ова им го пренесе на заинтересираните новинари во петокот информативната служба на компанијата „Калашников“.

„Беспилотното летало ZALA 421-16E5G е еден од новитетите кои ќе ѝ бидат презентирани на пошироката јавност за прв пат на штандот на компанијата ZALA Aero (Меѓународен авиокосмички саем МАКС-2021“). Станува збор за летало наменето за мисии на воздушен мониторинг во оддалечени зони, што го прави многу интересно за употреба во енергетскиот/нафтено-гасниот сектор. Првите модели на ова беспилотно летало веќе се наоѓаат во експлоатација каде што вршат надзор на топлинско-енергетската инфраструктура“, истакнуваат од компанијата, пренесува веб-порталот ТАСС.

Што се однесува до неговите основни летечко-технички карактеристики, познато е дека неговата автономија ќе изнесува респектабилни 12 часа лет, при што за тоа време е способно да помине растојание од повеќе од 1200 км и да реализира воздушен мониторинг на оддалеченост поголема од 100 км од командно-контролната станица. Според производителот, посебна карактеристика на леталото со ваков тип на погон е неговиот екстремно слаб шум за време на летот кога електричниот блок на моторот се напојува преку акумулаторска батерија. ZALA 421-16E5G во практично нечуен режим на работа може да лета 60 минути, додека времето за повторно полнење на батеријата е само 120 минути (ритам на работа: 2 часа. Мотор со внатрешно согорување/1 час електричен мотор).

Новото беспилотно летало дрон може да носи комбиниран товар со оптоелектронска опрема што има две камери за термичка слика и видеокамера со висока резолуција со зголемување од 60x. Како што наведуваат од информативната служба, преносот на сликата се реализира во HD формат (1280х720), така што операторот на командно-контролниот пункт има можност детално да го следи теренот над кој се врши надзорот.