На МАКС-2021 ќе биде покажана авиоракета „две во едно“

Слободан Ѓукиќ

Руските конструктори на оружје развија ненаведувана авиоракета С-13Б, која е спој на можностите на претходно разработените проектили со фрагментарно-разорни боеви глави С-130Ф и С-13Т.

Демонстрацијата на новите ракети ќе се одржи на авиосаемот МАКС-2021, пишува „Росијскаја газета“.

„Основната задача на ракетите е уништување на лесно ранлива техника, како и воена техника во армирано-бетонски засолништа“, изјави за РИА „Новости“ Глеб Вареница, генерален директор на Новосибирскиот завод за вештачки влакна.

Новата ракета C-13B со калибар 122 мм може да пробие до 6 м почва или до 1 м армиран бетон под 2-3 метри земја или песок.

Покрај тоа, оваа ракета е способна да уништи до 20 квадратни метри писта.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња