Руски ракетоносци Ту-160 и Ту-96МС гаѓаа со крстосувачки ракети цели на полигон на Арктикот (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Aвиони на стратешката авијација на Русија - ракетоносци Ту-160 и Ту-95МС - учествуваа во летечко-тактички вежби на Арктикот и истрелаа крстосувачки ракети. Целите на ракетоносците беа копнени објекти на еден од воените полигони.

„Гаѓањето е изведено регуларно. Ракетите ги погодија целите на полигонот, потврдувајќи ги зададените карактеристики“, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста на Министерството за одбрана на РФ.

Во воздушните маневри учествуваа авиони од Амурската и Рјазањската области кои долетаа од аеродром кај Саратов. Летечко-тактичките вежби се одржуваат под раководство на командантот на стратешката авијација генерал-потполковник Сергеј Кобилаш.

Покрај тоа, на воен полигон во Иркутската област екипажи на авиони Ту-95МС реализираа гаѓање од авионски топови ГШ-23. Летот траеше повеќе од шест часа.

Во вежбите учествува и воздушен танкер Ил-78. Воздушните маневри траат до 9 јули.