Ту-22М3
Вадим Савицки/Global Look PressАмериканскиот весник „Национален Интерес“ направи список на руските стратешки бомбардери – носачи на ракети. Прв на списокот е тешкиот стратешки бомбардер Ту-95. Направен е во текот на 1950-тите. Има исклучително силни, но бучни мотори. Овој авион не може да се вброи меѓу тешко забележливите, но неговата предност е во тоа што може да носи огромен полезен товар. Работниот век на авионот со модернизацијата е продолжен до 2040-тите.
Ту-95
Министерство за одбрана на РФСледниот во низата е суперсоничниот ракетен бомбардер Ту-22М. Има променлива геометрија на крилата, така што е лесен за управување дури и при многу мали брзини. Ту-22М носи прилична количина бомби и развива брзина од 1,88 Мах. На опашката има двоцевен топ со калибар 23 мм на далечинско управување.
Ту-22М3
ИљЈа ГалаховЗа суперсоничниот стратешки ракетоносен бомбардер Ту-160, познат како „Белиот лебед“, американскиот весник вели дека станува збор за вистински ѕвер кој соборил неколку светски рекорди. Ту-160 е најтешкиот бомбардер, може да носи 40 тони полезен товар, применува високопрецизни крстосувачки ракети со нуклеарни боеви глави и брзо достигнува максимална брзина од 2,2 Мах.
Ту-160
Сергеј Кривчиков/Global Look PressАвторот на статијата изведува заклучок дека многу руски ракетоносни бомбардери се стара техника, направена уште во Советскиот Сојуз, но сепак сé уште се исклучително смртоносни и опасни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче