Во Србија денес пристигнува супстанција за вакцината „Спутник V“

Sputnik V / Facebook @sputnikvaccine
Во Србија денеска ќе биде доставена значителна количина супстанција за производство на вакцината „Спутник V“ во Институтот „Торлак“.

Министерот во Владата на Србија и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ најави дека денеска во Србија ќе биде доставена значителна количина супстанција за производство на вакцината „Спутник V“.

„Се работи за количина на супстанција доволна за производство на над 250000 дози на компонентата 1. По десет дена, според најавите на нашите руски партнери, во Србија би требало да биде доставена супстанција за производство на истата количина вакцини од компонента 2. Очекуваме дека „Торлак“ во следниве две недели ќе има околу 550000 вакцини „Спутник V“ од компонентата 1 и компонентата 2“, рече Поповиќ.

Во соопштението тој наведе дека по производството на вакцината во „Торлак“, по 18 примероци од секоја серија ќе бидат испратени во рускиот Институт „Гамалеја“, каде што ќе се изврши контрола на примероците, а потоа вакцините ќе можат да бидат пуштени во промет.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња