Пет бродови на Воената морнарица на Русија одбија воздушен напад од симулиран непријател во Средоземното море. За време на тренингот посебно внимание беше посветено на борбата против авиони, хеликоптери и беспилотни летала.
Министерство за одбрана на Русиjа
Во вежбите учествуваа ракетниот крстосувач „Москва“, фрегатите „Адмирал Есен“ и „Адмирал Макаров“, како и ловци Миг-31 со хиперсонични ракети „Кинжал“. Во тренигот учествуваа и подморниците „Стари Оскол“ и „Ростов на Дон“, како и противподморнички авиони Ту-142МК, Ил-38 и стратешки бомбардери Ту-22М3.
Министерство за одбрана на Русиjа
„Екипажите на бродовите одработија задачи за одбивање на напади на непријателските авиони и одржуваа тренинзи на силите за противвоздушна одбрана. Единиците на ПВО ги усовршија практичните вештини за одбивање напади на средства за воздушен напад“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
Министерство за одбрана на Русиjа
Ловците Миг-31К, вооружени со хиперсонични ракети „Кинжал“ и стратешките бомбардери Ту-22М3 одржуваа наставни летови и вежбаа испукување ракети. Офанзивните авиони ги следеа ловци Су-35 и Су-34.