„Бродот продолжи да се движи во територијалните води на РФ без да го смени правецот, и тогаш стигна команда да се применат авијациски средства за да се присили да го промени курсот и да се оддалечи од границата“, изјави пилотот на рускиот бомбардер за телевизијата „Ѕвезда“.
Неговиот Су-24М фрлил врз траекторијата по која се движел „Дифендер“ четири фугасно-распрскувачки бомби тешки по 250 килограми. Потоа направил круг и се вратил да ја оцени ефикасноста на „аргументот“. Бомбардирањето ги отрезнило Британците, така што разурнувачот го променил курсот и почнал да се оддалечува од Русија.
Разурнувачот „Дифендер“ на Британската кралска морнарица.
Сергеј Смоленцев/Reuters„Бомбите ги фрливме на безбедно растојание од разурнувачот“, истакнува пилотот. По завршената задача, бомбардерот се вратил на аеродромот во својата воздухопловна база.
Инцидентот со британскиот разурнувач „Дифендер“ се случи на 23 јуни близу бреговите на Крим. Бродот без претходно усогласување влезе во територијалните води на РФ и не реагираше на предупредувањата преку радиоврска, па дури ни на огнот од пограничниот патролен брод. Го запре дури бомбардерот кој долета од брегот.
Набргу се покажа дека маневарот на разурнувачот бил однапред подготвена провокација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче