Инцидент во Црното Море: Руската армија за малку не го потопила британскиот разурнувач „Дифендер“?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Првичните информации велат дека британскиот разурнувач влегол во руските територијални води во близина на ‘ртот Фиолент (Крим). Бидејќи немало реакција на предупредувањата веднаш да го смени курсот и да ги напушти руските води, кон него бил испратен бомбардер Су-24М кој дејствувал со воздухопловни бомби ОФАБ-250 во негова непосредна близина, по што разурнувачот се повлекол.

Според првите податоци, инцидентот се случил околу 11:52 часот по локално време. Имено, руската армија забележала повреда на своите територијални води во близина на ‘ртот Фиолент од страна на британскиот разурнувач „Дифендер“. Овој воен брод влегол 3 км во длабочина на руските територијални води, што претставува сериозна провокација. Руската армија реагирала енергично на оваа акција на бродот на британската Воена морнарица и со огнено дејство на својата авијација го принудила „натрапникот“ да го смени курсот и да ги напушти руските територијални води.

Имено, овој британски брод, и покрај јасните предупредувања дека се наоѓа во руски територијални води, продолжил со својата пловидба по однапред зададен курс. Во временскиот период 12.06-12.08 часот, руски патролен брод отворил оган како знак на предупредување, меѓутоа британскиот екипаж не обрнувал премногу внимание на оваа активност и решил и понатаму да учествува во сериозниот прекршок.

Руската војска околу 12:19 часот во зоната на инцидентот испратила еден бомбардер Су-24М, кој извршил предупредувачко бомбардирање (фрлени се вкупно четири воздухопловни бомби ОФАБ-250). Бомбите паднале непосредно пред британскиот разурнувач, според правецот на неговото движење. После тоа, британскиот разурнувач „Дифендер“ го свртел курсот и ги напуштил руските територијални води, соопштува телеграм-каналот „Борбени Ефективи“.