ВИДЕО: Погледнете кадри со кинески дрон направен врз база на Ан-2

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Кинеската телевизија прв пат покажа автоматско десантирање на товар од беспилотниот дрон Feihong 98, далечински управувана верзија на лесниот повеќенаменски авион Y-5B, кој што е лиценцирана копија на советскиот Ан-2, пишува „Росијскаја газета“.

Feihong 98 е изум на China Aerospace Science and Technology Group. Неговите карактеристики на летање се идентични со оние на Ан-2. Дронот го реализираше својот прв лет во 2018 година. Според информациите од производителот, апаратот е наменет за испорака на стоки, транспорт на болни и ранети.

На дронот му беше инсталирана потребната опрема за автоматско десантирање на падобранската платформа. Група војници на земјата доби контејнер со разни намирници. Испитувањата беа прогласени за успешни.