Ваков развој на настаните најави на маргините на конференцијата „Иднината на човештвото и иднината на „зелената енергија“: здружени или спротивставени?“ Дмитриј Песков, специјален претставник на претседателот на Русија за прашања на дигиталниот и технолошки развој.
Како што истакна тој, храната веќе се печати, но засега нејзината употреба е ограничена. Да речеме, со помош на печатач се украсуваат торти. Меѓутоа, на големо се бараат решенија, и на крај, на пазарот масовно ќе се појават и евтини апарати.
Песков нагласи дека за масовно производство технологијата треба да се обедини со друг растечки тренд - производството на растително месо. Таквото печатење храна ќе придонесе за зелена транзиција, бидејќи за производство на прехранбени производи ќе се користат растителни компоненти.
Развојот на 3Д-печатач за храна е на патната мапа FoodNet на Националната технолошка иницијатива. FoodNet подразбира пазар на технологии, храна и услуги од областа на производство и потрошувачката на прехранбени производи. Се претпоставува дека руските компании со помош на иновативните технологии ќе можат да заземат значителен дел од пазарот.
Како рок за производство на храна на 3Д-печатач во домашни услови на патната мапа е означена 2028 година. Во индустриски размери желба за користење на споменатата технологија изрази компанијата KFC, која има намера да печати пилешки медалјони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче