Русите сакаат да печатат пилешки апки на 3-Д пeчатач

imagebroker.com//Global Look Press
Руски научници заедно со стручњаците на една мрежа ресторани за брза храна работат на технологија на печатење апки од вештачко пилешко на 3-Д печатач. Експериментот почнува есенва. Планирано е да се добие готов производ за тестирање.

За рамките на проектот на руската компанија 3D Bioprinting Solutions се развива технологија за тридимензионално биопечатење со користење клетки на пиле и растителни суровини за да се добие вкус и текстура на пилешко месо.

„Резултат на овој проект ќе бидат првите пилешки апки на светот добиени во лабораторија. Тие на вкус и изглед ќе бидат максимално слични на оригиналниот производ“, се вели во соопштението на руската компанија.

Творците на овој производ, како што велат самите, биле инспирирани од сé поголемата популарност на здравата исхрана, како и од „побарувачката за алтернативна замена на традиционалното месо и потребата од развој на еколошки почисти начини на производство на прехранбени производи“. Се очекува дека „печатеното месо“ ќе ги содржи истите микроелементи како и обично, само што во него нема да ги има додатоците карактеристични за традиционалното земјоделие и сточарството.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња