Борбени бродови, подморници и авијација: масовни маневри на Тихоокеанската флота на Русија (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руското Министерство за одбрана објави снимки од масовните воени вежби на Тихоокеанската флота кои започнаа во централниот дел на океанот. Во вежбата учествуваат околу 20 борбени бродови, подморници и бродови за поддршка, вклучувајќи ги и ракетниот крстосувач „Варјаг“, фрегатата „Маршал Шапошников“ и противподморничкиот брод „Адмирал Пантелеев“.

Во маневрите учествуваат и авијациски единици. Во одработувањето на поставените задачи ќе бидат вклучени стратешките авиони Ту-142М3, висински ловци-пресретнувачи Миг-31БМ и други авиони од составот на руските Воздушно-космички сили, пишува RT.