Како што може да се види од видеото, руски авион наоружан со комплекс за ПЕБ „Хибини“ му се приближи на само неколку десетици метри на италијански ловец од петтата генерација F-35A Lightning II, кој оваа земја го набавила од САД, пренесува порталот „Борбени Ефективи“.
Кон крајот на април едно одделение ловци F-35A Lightning II на Военото воздухопловство на Италија слета во воздухопловната база Емари во Естонија во рамките на ротацијата на силите на воздухопловата компонента на НАТО која е задолжена за обезбедување на воздушниот простор над балтичките земји. Оваа ротација, која вклучува и ловци од петтата генерација, претставува прво распоредување на најмодерни борбени летала на НАТО во близина на руските државни граници, при што основната замисла е создавање дополнителен притисок врз Русија (западен оперативно-стратешки правец).
Што се однесува до ловецот F-35A Lightning II, во источните, а сé повеќе и во западните воено-стручни медиуми, проектот на овој авион, кој има голем број технички проблеми, се смета за стратешки неуспех на военоиндустрискиот воздухопловен комплекс на САД. Иако е вложена огромна сума пари во бројни преправки и модификации, во текот на неговата експлоатација и понатаму се појавуваат нови софтверски проблеми, се зголемуваат трошоците за одржување, се комплицира генералната борбена употребливост на леталото да одговори на целиот спектар на задачи за кои е наменето.
-----------------------------------------------------------------------------
F-35 е американски авион од петтата генерација. Неговото производство започна во 2006 година, а експлоатацијата во оперативните единици на Военото воздухопловство сили во 2012 година. Се произведува во три верзии: стандардна верзија за Военото воздухопловство на САД, верзија со скратено или вертикално полетување развиена за Маринскиот корпус и палубна верзија за единиците на Воената морнарица.
Су-30СМ е руски повеќенаменски суперсоничен борбен авион, кој се карактеризира со врвни летечко-технички карактеристики. Особено е опасно во блиска воздушна борба, при што е недостижен за повеќето странски конкуренти благодарение на исклучителните маневарски способности. Покрај тоа, овој авион е опремен и со радарска станица со зголемени способности, мотори со управлив вектор на потисок и пар предни хоризонтални крилја кои му даваат навистина импресивни летечки способности.
Овој авион е способен да носи широка палета на современо оружје од класата „воздух-воздух“ и „воздух-земја“. Благодарение на својата универзалност, овој авион може да се користи и како школско-борбено леталот за обука на млади пилоти на суперсонични авиони, бидејќи е двосед.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче