Како што соопштува РИА „Новости“, во рамките на стелт концептот, надворешните структури на корветата ќе имаат посебен облик, при што бројот на испакнати елементи ќе биде сведен до минимум. За време на изградбата на корпусот ќе се користат различни композитни материјали и специјални радиоапсорбирачки бои. Како резултат, на непријателските радари 100-метарската ракетна корвета „Меркур“ треба да се гледа како мал брод. Според информациите на изданието, корпусот на бродот веќе е целосно изграден.
Изградбата на главниот брод според проектот 20386 започна на 28 октомври 2016 година. Со декрет на врховниот командант на флотата, адмирал Владимир Корољов, пловилото беше именувано „Дерзки“ (Дрзок), но три години подоцна беше преименуван во „Меркур“.
Депласманот на бродот изнесува 3400 тони, неговата должина е 109 м, ширината 13 м, развива брзина до 30 јазли и може да помине до 5000 наутички милји со екипаж од 80 луѓе. Се претпоставува дека корветата ќе биде вооружена со 100-милиметарско артилериско орудие А-190, два 30-милиметарски автоматски топа АК-630М, противвоздушен ракетен комплекс „Редут“, противподморнични торпеда „Пакет-НК“ и противбродски крстосувачки ракети „Калибар“, пишува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче