Офицер на рускиот спецназ открива како се обучуваат снајперистите

Министерство за одбрана на Руската Федерација •
Обуката на снајперисти е посебна уметност, на која се посветува големо внимание при обуката на спецназот. Сибирски офицер сподели некои нијанси на кои снајперските групи обрнуваат внимание при „заземање на зграда“ на артилериски полигон.

Интервјуто со офицерот се одржа за време на паузата во текот на комплексна тактичко-специјална вежба, пишува „Краснаја Звезда“. Неделно се одржуваат најмалку по два часа за боева обука. За време на вежбите на полигонот снајперистите, поединечно или во парови, вежбаат заземање зграда и проверка на сите простории, како и гаѓање од различни растојанија. Пар снајперисти можат да зафатат неколку цели одеднаш.

Важна задача за стрелецот, на чие одработување се посветува посебно внимание, е изборот, опремувањето и внимателното маскирање на огнената позиција. По гаѓањето снајперистот мора брзо да ја замени со резервна или нова. Сибирските спецназовци го користат борбеното искуство стекнато за време на руските операции во Сирија.

Исто така, голем акцент се става и на физичката обука на стрелецот, бидејќи во борбени услови тој треба да може да совлада многу километри нерамен терен во целосна борбена опрема. Снајперистите постојано ги тренираат својата издржливост, менталната сила, трпението, способноста да бидат во режим на постојано набљудување, визуелната меморија, остриот поглед, брзината на реакција и прецизноста на гаѓањето. Во овој одред има стрелци способни да погодат кибрит од 200 метри. Како што признаваат и самите снајперисти, во нивната работа нема ситници.

Тие во моментов имаат три пушки во својот арсенал: СВД-С, СВ-98 и „Винторез“. Снајперистите го имаат и бесшумниот пиштол ПСС „Вул“, кој користи специјални куршуми СП-4 со калибар 7,62 мм, способни да пробијат панцирни елеци.

Целите можат да бидат различни - оператори на беспилотни летала, стражари, митралески и минофрлачки гнезда, поединци или групи и друго. Посебно внимание во текот на обуката се посветува и на прашањата на контраснајперска борба, сумира офицерот, пренесува „Росијскаја газета“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња