Објавена снимка од симулиран напад на руски бомбардер Су-34 на аеродром

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Министерството за одбрана на Русија објави снимка од маневри на фронтовската авијација во Курганската област, каде што екипаж на бомбардер Су-34 тренираше уништување непријателски полски аеродром.

Целта беше детектирана од извидувачки авион Су-24МР и нејзините координати беа испратени до командниот пункт. По него во воздух се кренаа фронтовски бомбардери Су-34. Тие го уништија аеродромот со ненаведувани ракети С-13.

Полските писти се едноставна цел: тие се големи, добро видливи и се наоѓаат на едно место. Вистина, аеродромите се заштитени со средства за ПВО, а да се измамат е техничка работа (Су-34 и неговите пилоти го умеат тоа). Бомбардерот е во состојба да врши напади врз најразлични објекти: од бродови на море до тенкови групи и поединечни џипови со терористи. На надворешните носачи авионот може да носи над 10 тони бомби и ракети.