Екипажот беше пречекан од началникот на Штабот на на Северната флота контраадмирал Владимир Воробјов и претставници на командата на подморничките сили на флотата, соопшти прес-службата на Северната флота.
Командантот на подморницата, капетан 1-ва класа Александар Бекетов соопшти дека морнарите од Воената морнарица извршиле меѓубазна транзиција и се подготвени за исполнување на зададените задачи. А во Северодвинск „Казањ“ беше испратена од вработените во „Севмаш“, членови на тимот за примопредавање предводен од генералниот директор Михаил Будниченко, кои и ја изградија подморницата. Ова го соопшти прес-службата на „Севмаш“.
„Казањ“ влезе во составот на Воената морнарица на Русија на 7 мај оваа година. Подморницата успешно ги помина сите тестови, а нејзината работа беше тестирана во сите режими. Подморницата помина повеќе од 200 дена на море, пренесува „Росијскаја газета“.
„Казањ“ е атомски подводен крстосувач од проектот „Јасен-М“. Развиена е од Проектно-конструкторско биро „Малахит“. Тоа е главната подморница според проектот. Нејзината изградба почна на 24 јули 2009 година, додека беше пуштена во вода на 31 март 2017 година. Носи најмодерно ударно и радиоелектронско вооружување, кое ѝ дава можност за исполнување на задачи во сите региони на светските океани.